Запознајте го тимот на

ЖРК Атлетик

Женскиот Ракометен Клуб АТЛЕТИК е формиран 2025 година и има за цел да игра водечка улога во развојот на младите талентирани ракометарки во Македонија. Преку соодветни и правилни тренинзи, модерни методи и однапред дефинирана програма на функционирање, клубот се стреми да биде расадник на голем број идни репрезентативки на нашата држава.

Бренд амбасадор

АНТОНИЈА ГИГОВСКА

Како ЖЕНА, МАЈКА, СЕСТРА И ЌЕРКА знам колку значи женската енергија, женската сила, женската љубов.. посебна е, грижлива е, јака е, моќна е! Баш таква сила преставуваат овие девојки, со својата убавина и љубов према ракометот а јас љубовта према музиката а некогаш во минатото и љубовта кон ракометот. Ја имам таа чест да ја преставувам оваа женска сила и официјално да бидам нивниот БРЕНД АМБАСАДОР! ..Барем сега имаат играч плус, може сум заборавила малку ама ќе ме потсетат 🙂

Ветувам дека ќе се борам за вас.. и со вас!

Фала ви до небо што ме одбравте баш мене!

Ве сака, Антониа

Спонзори

Животот на клубот

Instagram моменти на ЖРК Атлетик

Секоја објава е дел од нашата приказна,  приказна за енергија, посветеност и вистински спортски дух. На терен, во сала или зад сцената, ЖРК Атлетик живее преку своите играчи, тренери и навивачи. Победите се слават, поразите се учат, а секој тренинг е чекор поблиску до нова цел. Следете го @zrk_atletik и откријте како изгледа животот на еден клуб што не се предава, што постојано се движи напред и создава идни шампионки.

ЖРК Атлетик © 2026 - Powered by LeanBrandz

Контакт

Галерија

Scroll to Top