За нас
Женскиот Ракометен Клуб АТЛЕТИК е формиран 2025 година и има за цел да игра водечка улога во развојот на младите талентирани ракометарки во Македонија. Преку соодветни и правилни тренинзи, модерни методи и однапред дефинирана програма на функционирање, клубот се стреми да биде расадник на голем број идни репрезентативки на нашата држава. Со вклучување на млади и амбициозни поранешни репрезентативци а сегашни ракометни работници, ќе создадеме здрава средина на вистински спортски вредности, без фаворизација, со еднаква можност за докажување на теренот и надвор од него.
ЖРК АТЛЕТИК во натпреварувачката сезона 2025/2026 ќе настапува во сите категории: Пионерска, кадетска, младинска и Супер Лига. Исто така, клубот ќе има сопствена школа за девојчиња почетници. За да се постигне таа цел, потребна е имплементација на функционален систем на тренажен процес во кој темелно ќе бидат опфатени:
- Техничко - тактички и кондициски тренинзи,
- Колективна и индивидуална видео анализа,
- Учество на натпревари и турнири во државата и странство,
- Неделни активности со спортски психолог.
Тренинзите и натпреварите на ЖРК Атлетик ќе се одвиваат во СЦ Јане Сандански.